24фудбал

Рибери не ја отфрла можноста повторно да се врати во Бундеслигата

Францускиот ветеран во дресот на Фиорентина досега одигра 35 натпревари, на кои постигна и три погодоци, меѓутоа се шпекулира дека би можел да се врати во Бундеслигата и на свои 38 години, тоа би можело да се случи на лето кога ќе заврши неговиот актуелен договор со „Виолетовите“.

Германија

Фудбалерот на Фиорентина, Франк Рибери не ја отфрла можноста да се врати во германската Бундеслига, меѓутоа потенцира дека засега размислува на своите обврски кон Фиорентина, ништо повеќе од тоа.

Францускиот офанзивец пристигна во Фиорентина како слободен играч на трансфер пазарот во пресрет на сезоната 2019/20, но следеше тежок период за него поради повреди кои го ограничија неговиот допринос во Серија А.

Во овие моменти размислувам само на Фиорентина, се чувствувам како важен дел од оваа екипа“ вели 37 годишниот Рибери.

Меѓутоа, не можам да ја отфрлам опцијата да се вратам во Бундеслигата кога ќе завршам тука“ додаде Французинот.

Ветеранот освои девет титули во Бундеслигата со Баерн Минхен, а го подигна и трофејот во Лигата на шампионите со „Баварците“ во сезоната 2012/13.