24фудбал

Ловрен: Му недостасувам на Ливерпул, тоа ми го потврди и Клоп преку порака

Ливерпул настрада сезонава во поглед на проблемите кои го снајдоа овој клуб во дефанзивната линија, повредата на подолг рок за столбот во одбраната Вирџил ван Дајк, па и Џо Гомез донесоа голем проблем во играта на „Редсите“.

Англија

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен тврди дека немал дилеми кога паднала одлуката да ги напушти редовите на „Редсите“, па дури и дека не жали за таквото сценарио, а открива дека Јирген Клоп му испратил порака дека му недостасува во тимот.

Не, воопшто не жалам за таквата одлука, мојата одлука беше јасна – да си заминам од Ливерпул и да не гледам воопшто назад во минатото“ вели Хрватот во изјавата за руски „Спорт Експрес“.

Бев прилично вознемирен ланската сезона кога немав доволно минутажа, но, сега сее поинаку, јас мислам дека му недостасувам на Ливерпул повеќе отколку што тој клуб мене ми недостасува, а Јирген Клоп добро го знае ова, ние сме во постојана комуникација, тој ми пиша и порака „Ни недостасуваш““ додаде Ловрен.

Во постојана комуникација сум со Клоп, но секако дека нема да откривам дополнителни детали од нашите разговори, Јирген ми посака само убави работи, а јас истото и нему“ заклучи дефанзивецот кој во шесте сезони за „Редсите“ реализираше 131 настап, на кои постигна и пет погодоци.

Ловрен си замина од составот на актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата по шест години во тој клуб, а неговиот трансфер го чинеше руски Зенит 11 милиони фунти.