24фудбал

ПСЖ ќе купи фудбалер од Барселона за 25 милиони евра коj никогаш не заиграл за каталонскиот клуб

ПСЖ во летниот преоден рок сака да го купи десниот бек Емерсон Ројал кој е член на Барселона, но никогаш не заиграл за Каталонците, вече две години е на позајмица во Бетис.

Франција

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо сака Емерсон да биде дел од неговиот нов проект и е подготвен да одвои 25 милиони евра за него.

Емерсон кој пред неколку дена наполни 22 години, нема заигирано за Барселона иако од 2019 година е член на клубот. Тој веќе втора година е на позајмица во Бетис.


Тој има повеќе од 50 настапи за Бетис и важи за голем талент на неговата позиција кој веќе има доволно искуство.

Ако се случи овој трансфер Барселона ќе направи профит од нешто повеќе од 10 милиони евра за играч кој никогаш не заиграл за нив.