Најзагреаните навивачи на Јувентус испратија порака до Марио Манџукиќ по трансферот на Хрватот во Милан, му посакаа среќни шест месеци но без победи и успех.
Категорија: Италија 19.01.2021 18:53 Прочитано: 2798 пати
Марио Манџукиќ денеска потпиша за Милан до крајот на сезоната со опција соработката да биде продолжена за уште една година. Откако пристигна официјална потврда за трансферот, најзагреаните навивачи на Јувентус ипратија порака до Хрватот.
„Марионе, секогаш ќе бидеш во нашите срца поради она што го направи, поради твојата пасија, поради специјалниот однос кој го имаше со сите нас. Го сакавме поради борбеноста која ја покажуваше на секој натпревар. Го сакавме поради стравот кој го влеваше кај противниците. Го сакавме поради тоа што одбиваше да се смее и поради ретките моменти кога се смееше. Листата е долга, но ние навистина го сакавме. Но Марионе во следните шест месеци ќе ги носи „црвено-црните“ бои на Милан. Тој е професионалец, сакаше да се врати во Италија по секоја цена, не можеме да го прекориме за тоа, но ќе не боли тоа што ќе го гледаме како противник на теренот, исто како што ќе го боли него што ќе треба да игра против нас. На 34 години, речиси 35 години, вакви работи се случуваат. Па со среќа Марионе, се надеваме дека ќе имаше шест месеци во Италија полни со среќа но без победи и успех. Чао Марионе... Твоите навивачи од Јувентус“ - гласеше постот на Курва суд.
Марио Манџукиќ го прочита постот на Инстаграм и одговори: „Ви благодарам за овие прекрасни зборови... Секогаш ќе бидам горд“.