24фудбал

Такинарди со совет до Пирло: Пронајди го решението за Роналдо, се смееше по вториот гол на Интер

Дуелот во Суперкупот кој Јувентус го игра утревечер против Наполи може да придонесе многу за враќање на вистинскиот колосек, но негативен резултат од тој меч ќе значи комплицирана ситуација за „Старата дама“, смета Такинарди.

Италија

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Алесио Такинарди кој запиша 261 настап во дресот на „Старата дама“, вели дека веќе е вклучен алармот во клубот од Торино по поразот кај Интер со 2-0, а за што најмногу критики трпи тренерот Андреа Пирло.

Меѓу другото, на Такинарди очигледно дека не му се допаднало однесувањето на првата ѕвезда на актуелниот италијански првак, Кристијано Роналдо за време на дербито со Интер.

Кога ќе се појават сомнежи, тогаш е навистина тешко, најпрво, мора да се пронајде решение за Роналдо, бидејќи мене лично воопшто не ми се допадна неговата насмевка по вториот гол на Интер“ изјави Такинарди.

Изгледаше како саркастична гримаса на предавање, играв со најдобрите, како Ибрахимовиќ, на теренот постоеше среќа, желба за надигрување, но и тензија“ додаде тој.

Можете да загубите меч, но тоа не е случај за Јувентус, веќе е вклучен алармот за тренерот и клубот, ова мора да се надмине што е можно побрзо, а тоа ќе може да се стори уште во Суперкупот, во спротивно Јувентус ќе биде во една мошне комплицирана ситуација“ заклучи Такинарди.

Јувентус со меч помалку заостанува десет бода зад лидерот во Серија А, Милан, односно седум во однос на Интер.