24фудбал

Коста му бил понуден на Боаш во анонимна порака, но тој сметал дека е шега

Се верува дека приоритет на 32 годишниот напаѓач му е враќање во англиската Премиерлига, а тој доста трпеливо ја чека најдобрата понуда на маса за тоа каде би ја продолжил кариерата.

Франција

Португалскиот фудбалски стратег од клупата на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, Андре Вилаш-Боаш смета дека неговиот клуб не може да си дозволи ангажман на Диего Коста, поради големата плата на Шпанецот.

Коста е слободен агент на трансфер пазарот откако дојде до разделба со Атлетико Мадрид, а освен Олимпик Марсеј, се споменуваше и Вулверхемптон, а Коста се раздели со „Јорганџиите“ на шест месеци пред истекот на неговиот договор со кој заработуваше 300 илјади евра неделно.

Прво, ќе посочам дека тој има годишна плата од 16 милиони евра, тоа е првото нешто што мораме да го споменеме“ вели Вилаш-Боаш.

Јас добив една анонимна порака на „ВатсАп“ од еден непознат број во која беше наведено дека Диего Коста сака да ни се приклучи во Олимпик Марсеј, помислив дека тоа е шега“ додава тој.

Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но ние секако ќе бидеме во потрага по некоја друга опција, едноставно е, не сме во можност да му ја исплатиме таа плата“ заклучи Вилаш-Боаш.