Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека Алексис Салемакерс по мечот му се извинил на целиот тим затоа што беше исклучен за време на мечот против Каљари.
Категорија: Италија 19.01.2021 06:59 Прочитано: 2301 пати
Белгискиот фудбалер во игра влезе во 66. минута, но за осум минути успеа да добие два жолти картони и да го остави својот тим со играч помалку до крајот.
Во финишот Каљари притискаше за да се врати во мечот, но Милан успеа да оддолее и да го задржи водството од 2-0 до крајот на мечот.
„Момчето созрева и се извини на целиот тим. Изгледаше како срцето да му е скршено“, открива Пиоли.
„Не сакам да го бранам, но мислам двата жолти картони беа незаслужени. Како и да е, тој мора да биде полуциден и од оваа грешка да извлече поука“.
„Оваа иста грешка ја направи и против Наполи исто така, но ми се допадна неговиот однос по мечот“.
Милан за мечот против Аталанта покрај тоа што ќе биде без Салемакерс, нема да може да смета ниту на Алесио Ромањоли кој го заработи петтиот жолт картон.