24фудбал

Леонардо со порака за Мбапе и Нејмар: Нема да ги молиме, ако навистина сакаат да останат, ќе останат!

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо проговори за иднината на Килијан Мбапе и Нејмар, се надева дека двајцата ќе стават потпис но додава дека нема да ги молат.

Франција

Килијан Мбапе и Нејмар се под договор до 2022 година, подолго време се водат преговори за продолжување на соработката, но тие тапкаат во место.

„Се надевам дека ќе ги убедиме да останат, дека ПСЖ е добро место за топ и амбициозни фудбалери. Треба да најдеме прав баланс помеѓу нивните желби и барања и нашите очекувања и финансиска моќ. Нема да ги молиме, ако навистина сакаат да останат, ќе останат!“ - вели спортскиот директор Леонардо.

„Постојано сме во контакт, мислам дека ќе пронајдеме согласност“.