24фудбал

Барса го загуби трофејот од Суперкупот, Меси ги загуби нервите и поцрвене за прв пат по 753 натпревари (ВИДЕО)

Атлетик Билбао славеше во финалето на Суперкупот на Шпанија, „баскијците“ се спасија во последните минути и потоа на продолженија ја добија Барселона со 2-3.

Шпанија

Роналд Куман ќе почека на првиот трофеј како тренер на Барселона, моменти ги делеа „каталонците“ од славје, но на крајот останаа со празни раце.

Во финалето на Суперкупот на Шпанија, Барселона два пати водеше со головите на Гризман, но Атлетик Билбао се спаси во последните мигови, Виљалибре погоди за 2-2 во 90. минута и го однесе натпреварот во продолженија, a таму, Ињаки Вилијам прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот за 2-3.

Во последните секунди, Лео Меси ги загуби нервите и го заработи првиот црвен картон во дресот на Барселона па по 753 натпревари за прв пат беше исклучен.