Интер со 2-0 го доби големото „Дерби на Италија“ против Јувентус, Артуро Видал и Николо Барела беа играчите кои ја тресеа „старата дама“.
Категорија: Италија 17.01.2021 23:00 Прочитано: 844 пати
Интер победи на меч против Јувентус во Серија А без примен гол првпат по април 2010 година кога Маикон и Ето беа стрелци. Тоа значи дека ваква победа немале речиси 11 години.
Натпреварот беше отворен уште во 12. минут кога по одлична асистенција од Барела, Видал погоди за водство на Интер од 1-0.
По седум минути игра во вториот дел, Бастони имаше еден фантастичен пас по речиси цела дијагонала од теренот до Барела кој постигна убав гол за победа на Интер од 2-0.
Со овие три бода Интер се изедначи со Милан, но росонерите имаат натпревар помалку, утре му гостуваат на Каљари. Јувентус во моментов е на петтото место со меч помалку.