24фудбал

Манчестер Сити кога игра со Џон Стоунс и Рубен Диаш не губи, убедлив триумф над Кристал Палас за второ место (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 4-0 го победи Кристал Палас и се искачи на второто место во Премиерлигата со -2 бода во однос на Јунајтед но и натпревар помалку.

Англија

Статистиката вели дека Манчестер Сити оваа сезона десет пати стартувал со Џон Стоунс и Рубен Диаш и во овие натпревари има девет побед и едно реми и само еден примен гол.

На овој меч од овие двајца посебно се истакна Стоунс кој постигна два гола, останатите беа два прекрасни погодоци на Гундоган и Стерлинг.

Со овие три бода Манчестер Сити се искачи на второто место на табелата во Премиерлигата со два бода помалку од Манчестер јунајтед но и натпревар помалку.