24фудбал

Видал го бакна грбот на Јувентус, па ја тресеше мрежата на „старата дама“ за водство на Интер (ВИДЕО)

Артуро Видал го навлече гневот на навивачите на Интер откако на загревањето го бакна грбот на Јувентус, Чилеанецот потоа им донесе радост откако ја затресе мрежата на „старата дама“ и донесе водство од 1-0.

Италија

Пред почетокот на „Дербито на Италија“, Артуро Видал ги „запали“ социјалните мрежи откако на го банка грбот на Јувентус кога на загревањето се поздрави со Џорџо Кјелини

Чилеанецот, кој четири години го носеше дресот на „старата дама“, потоа донесе радост за Интер, во 13. минута ја тресеше мрежата на Шчесни за водство од 1-0.