24фудбал

Во Реал играше сезона ипол и даде два гола, Јовиќ сега за половина час два пати стрелаше за Ајнтарахт! (ВИДЕО)

Лука Јовиќ имаше кам-бек од соништата во Ајнтрахт Франкфурт, Срибинот за половина час игра два пати ја тресеше мрежата на Шалке и донесе триумф од 3-1.

Германија

Напаѓачот се пресели во Реал Мадрид во јуни 2019 за 60 милиони, се очекуваше многу од него, но тој може да се пофали само со два гола.

Пред неколку дена Србинот се пресели на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт за да се врати во голгетерска форма и да си ја врати самодовербата и не му требаше многу за повторно да блесне.

Денеска против Шалке, Лука Јовиќ влезе во игра во 62. минута и само десет минути подоцна со полуволеј ја искина мрежата на гостите и донесе 2-1

Во финишот од мечот, домаќините тргнаа во контра, Јовиќ доби топка во фор, убаво се ослободи од чуварот и прецизно биеше на првата статива за 3-1 и за половина час игра го изедначи голгетерскиот скор што го имаше во дресот на „кралевите“ во сезона ипол.