24фудбал

Мбапе не изгледа среќно, дали ја игра последната сезона во ПСЖ? (ВИДЕО)

Килијан Мбапе на синоќешниот меч против Анже беше забележан во состојба која може да ги загржи фановите на ПСЖ.

Франција

Мбапе синоќа пропушти неколку шанси да постигне гол, напаѓачот не е во форма, има постигнато само два гола на последните осум натпревари.

Тој беше изваден во 78. минута, а кога седна на трибините изгледаше замислено и разочарано. Немаше среќа на неговото лице иако во тој момент неговиот тим водеше со 1-0.

Мбапе се уште не постигнал договор за продолжување на соработката, а актуелниот му истекува во 2022 година.

Реал Мадрид и Ливерпул се најзаинтересирани за неговиот потпис, особено силно се поврзува со кралскиот клуб кој будно ја следи ситуацијата на Мбапе во ПСЖ и е подготвен да реагира.