24фудбал

Лестер го победи Саутемптон и скокна на второто место во Премиерлигата (ВИДЕО)

Лестер продолжува со одличните игри во Премиерлигата, вечерва славеше над Саутемптон со 2-0 и го прескокна Ливерпул на табелата кој утре го игра својот натпревар.

Англија

Нови три бода на контото на Лестер, тимот на Брендан Роџерс продолжува со одличните изданија и оваа сезона во Премиерлигата.

Резултатот го отвори Медисон со гол во 37. минута, а конечниот резултат го постави Барнс во петтата минута од судиското продолжение.

Со оваа победа Лестер се искачи на второто место на табелата со еден помалку од лидерот Манчестер јунајтед и два повеќе од Ливерпул, но овие две екипи утре имаат меѓусебен дуел.