24фудбал

Медисон даде гол и ги исмеа новите ковид правила за прослава на голови (ВИДЕО)

Џејмс Медисон му донесе водство на Лестер од 1-0 во дуелот со Саутемптон, а голот го прослави според новите ковид мерки.

Англија

Премиерлигата донесе мерка головите да не се прославуваат групно, во прегратка со соиграчите, туку на растојание.

Одлуката предизвика многу реакции бидејќи во текот на мечот играчите постојано се блиску еден до друг, особено при слободни удари или корнери. Па многу нелогично е играчите да не можат да прослават групно, а да си дишат во врат во шеснаесетникот при нафрлување од корнер.

Медисон даде гол и со неговата прослава го исмеа новото правило.