24фудбал

Куман остана разочаран, не доби зелено светло за ангажман на Ерик Гарсија

Барселона нема да го ангажира Ерик Гарсија овој месец, претседателските кандидати не дадоа зелено светло за ангажман на дефанзивецот на Манчестер Сити.

Шпанија

Роналд Куман бара на Камп Ноу да пристигне дефанзивец во зимскиот преоден рок, и се веруваше дека „каталонците“ ќе му ја исполнат желбата. Барселона се договори со Ерик Гарсија, пронајде и компромис со Манчестер Сити за условите под кои ќе се реализира зделката, но целата работа падна во вода.

За да биде купен Ерик Гарсија, амин треба да дадат кандидатите за претседател, кои сепак имаат други размислувања и преферираат да почекаат до летоска, кога ќе можат да го ангажираат играчот за беспари.

„Не можеме да бараме од в.д. претседателот и неговиот борд да носат вакви одлуки. Нашиот заклучок е следен: тој е фудбалр со договор кој завршува за шест месеци, па мора да почекаме. Доколку го ангажираме сега, ќе треба да платиме трансфер сума, плус платата на играчот“ – вели Жоан Лапорта, кој е главен кандидат за нов претседател на Барселона.