24фудбал

Пепе никогаш нема да го заборави гестот кога за прв пат пристигнал во Португалија: Немав пари, бев многу гладен...

Легендата на Порто и Реал Мадрид, Пепе раскажа како на 18 години пристигнал во Португалија со само 5 евра во џеб, немал пари за јадење но не останал гладен благодарејќи на добрината на еден човек.

Останато

Пепе во Порто се промовираше во еден од подобрите дефанзивци во Европа, направи богат трансфер во Реал Мадрид каде помина 10 години, но неговите почетоци не биле лесни.

Тој на 18 години го напушта родниот Бразил и се сели во Португалија за да потпише со Маритимо. Во Европа пристигнува со само 5 евра во џеб, па првиот ден немал пари за јадење. Сепак, тој не останал гладан благодарејќи на еден човек, гест кој никогаш нема да го заборави.

„Кога пристигнав, во џеб имав пари со вредност од 5 евра. Чекав документи за да можам да влезам во Португалија, од Мартимо требаше да испратат факс за да добијам дозвола. Требаше да одлучам што да правам со парите кои ги имав, дали да купам телефонска картичка и да и се јавам на мајка ми или да купам нешто за јадење. Си реков, „Mорам да се јавам дома за мајка ми да не се грижи““ – раскажува Пепе.

„Кога пристигнав беше 6 часот наутро, а мојот лет за Мадеира беше закажан во 11 часот навечер. Морав да јадам, па се упатив до ресторанот „Пенс & Компани“ (ланец ресторани за брза храна) на аеродромот и прашав еден од вработените, „Имате нешто за јадење?“ Тој ми одговори, „Да, имаме се“. Му реков, „Но јас немам пари“. Човекот ме погледна, излезе и ми даде сендвич. Од тој момент, секогаш се обидувам да им помогнам на други луѓе. Ова искуство навистина влијаеше врз мене. Гестот нема да го заборавам никогаш. Од тој ден, решив Португалија да биде мој избор“.

Пепе неколку години подоцна ќе добие португалски пасош и ќе ги брани боите на репрезентацијата на Португалија за која има одиграно преку 110 натпревари.