24фудбал

Клоп: Сега е добро време да се игра со нас? Ајде да видиме

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп возврати на изјавата на Оле Гунар Солшер дека сега е најдобро време за пресметка со нив.

Англија

Ливерпул не успеа да победи на последните три натпревари во Премиерлигата, а од друга страна Манчестер јунајтед покажува одлична форма со која се искачија на првото место на табелата.

Па Оле Гунар Солшер изјави дека сега е најдобар период за пресметка со Ливерпул, но Јирген Клоп имаше што да каже на тоа.

„Загубивме од Саутемптон пред повеќе од една недела, што беше нешто што апсолутно не го посакувавме, но следниот ден зборувавме со момците и сега сме подобро. Знаеме што треба да направиме и знаеме што погрешно правевме“, вели Клоп.

„Сега сето тоа треба да го презентираме на теренот. Тоа е ситуацијата и навистина гледам позитивно кон овој натпревар“.

„Знам дедка Оле кажа дека ова е најдобриот момент за да се игра против Ливерпул. Па ајде да видиме“.