24фудбал

Арсенал и Озил постигнале согласност за раскин на договорот, тој наскоро ќе има нов клуб

„Атлетик“ тврди дека Арсенал и Месут Озил постигнале согласност за раскин на договорот на шест месеци пред неговиот истек, во текот на следната недела тој би требало да потпише за Фенербахче.

Англија

Арсенал и Озил ќе се разделат, тие постигнале начелен договор за тоа кој наскоро се очекува да биде и официјализиран.

Во текот на наредната недела Озил треба да замине во Истанбул и да го комплетира трансферот во Фенербахче.

Арсенал се согласил на раскин на договорот бидејќи така ќе се ослободи од големата плата која му ја дава на Озил, а нема реална корист од него бидејќи тој не е во плановите на Артета.