24фудбал

Лацио убедлив против Рома во големото градско дерби (ВИДЕО)

Лацио со убедливи 3-0 ја победи Рома во големото дерби на Рим, еден гол а Имобиле, два а Луис Алберто.

Италија

Лацијалите ги освоија трите бода од мечот против најголемиот градски ривал и тоа со убедлив резултат.

Мечот беше отворен уште во 14. минута кога по една голема грешка а одбраната на Рома, Имобиле погоди за водство од 1-0.

Само девет минути подоцна Луис Алберто реализираше за 2-0, со тој резултат се замина на полувремето.

Во 67. минута Луис Алберто со шут надвор од шеснаесетникот ги постигна конечните 3-0.