24фудбал

Гомез би можел во Рома?

Претходно медиумите во Италија наведоа дека Аргентинецот има две опции, и тоа Интер или Милан, меѓутоа „Римската волчица“ сериозно се приклучи за потписот на офанзивецот.

Италија

Директорот на Рома, Тијаго Пинто според најавите кои пристигнуваат од Италија ќе оствари средба со Аталанта за да разговара околу можноста да се дојде до потписот на Алехандро Гомез, а тоа треба да се случи во текот на утрешниот ден.

„Калчомеркато“ известува дека новиот директор на римскиот клуб веќе има закажано средба со своите колеги од Аталанта, па така би можело да дојде до големо засилување за „Римската волчица“ во јануарскиот преоден рок.

Се верува дека Аталанта го проценила својот 32 годишен крилен напаѓач на 15 милиони евра, а од Рома се надеваат дека би можеле да го убедат Папу Гомез да потпише за нив.