24фудбал

Бамфорд за Алиоски: Отидовме на Ибица по пласманот во Премиерлигата, а тој...

Вистинска сензација е напаѓачот на Лидс во новата сезона од Премиерлигата, а говорејќи за животот во клубот од „Еланд Роуд“, тој беше запрашан и за тоа што прави нашиот Алиоски, популарниот „Џани“ во соблекувалната на тимот.

Македонија

Може да се каже дека Лидс, каде настапува нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски добро ја започна мисијата за опстанок во Премиерлигата сезонава каде се врати во елитното друштво по пауза од цели 16 години.

По 17 одиграни кола, составот предводен од Марсело Биелса се наоѓа на 12 место на табелата со 23 бода, односно седум победи, две ремија и осум порази, а нашиот Алиоски досега запиша два погодоци, меѓутоа секако „главен виновник“ за успесите на тимот од „Еланд Роуд“ е вистинската сензација Патрик Бамфорд, напаѓачот кој реализираше десет погодоци досега.

Поранешниот напаѓач на Челси беше запрашан за својот соиграч Алиоски, кој знае да биде мошне забавен, па секако јавноста ја интересира некој детал повеќе за тоа што го прави Македонецот во соблекувалната на Лидс. 

Тој е луд, нема поедноставен одговор за тоа каков е Алиоски“ вели Бамфорд.

Тој е таков каков што го гледате на телевизија, постојано, тој е како дете кое во моментот има благо со себе и има еден час забава пред себе“ додава тој, а открива и еден интересен детал од патувањето на Ибица.

Кога изборивме пласман во Премиерлигата отидовме заедно на Ибица, тоа беше прв пат кога го видовме во друштво на неговата понежна половина, а за момент помисливме дека ќе биде мирен, барем малку помирен од тоа што го знаеме каков е“ открива напаѓачот.

Меѓутоа, не се случи никаква промена, тој е луд, секогаш е истиот, каков што сите го знаеме, со сите има идентичен однос, дури и кога момците ги носат своите деца на тренинг тој постојано знае да ги забавува, за момент ќе гестикулира како да ќе ги касне, а тие многу го сакаат него“ заклучи Бамфорд.