24фудбал

Новинарката се насмеа, а Милер збесна: Што ви е смешно толку? (ВИДЕО)

Германската фудбалска машинерија Баерн Минхен сензационално беше елиминиран од Купот, и тоа од второлигашот Холштен Кил, па разочарувањето во таборот на „Баварците“ е сосема разбирливо.

Германија

Баерн Минхен не успеа да ја оправда фаворитската улога на дуелот со Холштен Кил и загуби по изведувањето на пенали во 16 финалето од германскиот Куп, а на два пати составот на Ханси Флик имаше водство во регуларниот дел од мечот.

Дека овој пораз сериозно ги погоди „Баварците“, доволно говори и реакцијата на Томас Милер по мечот со второлигашот, видно вознемирен откако ја виде насмевката на лицето на новинарката Валеска Хомбург која го праша какво е расположението во тимот по овој пораз.

Вие што мислите, каква е атмосферата? Што? Што ви е смешно толку?“ одговори налутено Милер додека новинарката се правдаше дека не се смеела на прашањето.

Секако дека се смеете, како би се чувствувале по ова? Секако дека сме лути, тоа можете и да го претпоставите, атмосферата не е баш добра...“ додаде Милер.