24фудбал

Лацио ги помешал сметките за Нето, наместо на Брага, сумата ја исплатил на Спортинг Лисабон

Италијанскиот прволигаш со невидена бламажа околу фудбалерот кој моментално настапува за англиски Вулверхемптон, откако во финансискиот сектор на клубот од Рим направиле голема „утка“.

Италија

20 годишниот Португалец од составот на Вулверхемптон, офанзивецот Педро Нето настапува со одлични перформанси во англиската Премиерлига, па за момент го привлече вниманието заедно со својот сонародник Даниел Поденсе.

Нето има важечки договор со клубот од „Молењу“ до 2025 година, но доста интересна ситуација се одвивала околу него со Лацио каде играше на позајмица од Брага, но запиша само четири меча за италијанскиот прволигаш.

Инаку Португалецот заедно со тогашниот соиграч од Брага Бруно Жордао беа испратени на позајмица во Лацио во 2017 година, а Италијанците имаа можност за само 26 милиони евра да ги откупат нивните договори, меѓутоа, во однос на Нето, Лацио се избрамирал, па наместо на Брага, предвидената сума за обештетување му ја исплатил на Спортинг Лисабон.

Од италијанскиот прволигаш наведоа дека финансискиот сектор во клубот е виновен за таа бламажа, а како причина за таквата грешка се наведува сличноста во имињата на обата португалски клуба, Спортинг Клуб де Брага (Брага), односно Спортинг Лисабон.

Лацио го продаде Нето на Вулверхемптон во јули 2019 година за сума од 18 милиони фунти, само еден месец откако претходно ја заклучија операцијата за неговиот откуп на договорот што ги чинеше „Лацијалите“ околу 12 милиони фунти.