24фудбал

Ханси Флик по поразот од Холштен Кил: Ова е шок за нас, разочарни сме

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик не го криеше разочарувањето од елиминацијата во Купот на Германија и тоа од второлигашот Холштен Кил.

Германија

Кил израмни во 95. минута на 2-2, а потоа перфектно ги изведе пеналите и го елиминираше Баерн Минхен од Купот на Германија. Баварците беа и актуелен шампион во ова натпреварување.

„Ова е шок се разбира. Разочарани сме, сакавме да ја одбраниме тројната круна. Се работеше за детали, тимот покажа одличен дух. Доминиравме што беше и нашата цел. Голема штета што го примивме тој израмнувачки гол во последната секунда“, вели Флик.

„Мораме да му честитаме на Кил, тие пружија вистинска куп борба, беа комплетно посветени на мечот. Мора да ги бараме грешките во себе и да ги подобриме работите. Мораме да бидеме компактни во одбраната“.