24фудбал

Пато: Сонувам да се вратам во Милан, би биле одличен тандем со Ибрахимовиќ

Пато кој е без клуб од минатото лето кога го раскина договорот со Сао Пауло, сонува да се врати во Милан каде помина шест сезони, од 2007 до 2013.

Италија

31-годишниот Пато посакува да се врати во Милан на кој во моментов одлично му оди.

„Имам големи спомени од таму, зборуваме за 150 натпревари, 63 голови, Скудето и Супер куп на Италија“, вели Пато за „Газета дело Спорт“

„Би било сон за мене да можам да се вратам во Милан каде што е моето срце“.

Тој беше запрашан дали би прифатил да биде замена за Ибрахимовиќ, но одговори дека двајцата би можеле да играат во тандем.

„Би рекол да, што е тука проблемот? Но не би дошол само за да бидам замена. Би играл, неколку натпревари ќе ми бидат доволни за да го убедам тренерот“.

„Јас и Златан би можеле да играме заедно, би биле одличен тандем“.