24фудбал

Гонзалез го нарече Нејмар ѓубре: Моите родители секогаш ме учеа да го фрлам ѓубрето! (ФОТО)

Дуелите меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј веќе носат и индивидуална војна меѓу Нејмар и Алваро Гонзалез која трае од минатиот нивен меѓусебен натпревар.

Франција

Минатиот септември Нејмар беше исклучен откако го удри Гонзалез во глава, тогаш Бразилецот го обвини Шпанецот дека расистички го навредувал и рече: „Единствено што жалам е дека не го удрив тоа копиле по лицето“.

Гонзалез ги негираше обвинувањата од Нејмар и му порача да научи како да губи и да го прифати тоа на теренот.

Француската федерација го истражуваше тогаш инцидентот и утврди дека немало расизам. Никој не беше казнет.

Синоќа двајцата имаа нов инцидент. Гонзалез неколку пати го фаулираше Нејмар, вклучувајќи го и моментот кога му ја стави раката на лицето.

По натпреварот Нејмар постираше слика на твитер и директно го прозва Гонзалез.

Играчот на Марсеј брзо одговори: „Моите родители секогаш ме учеа да го фрлам ѓубрето. Напред Олимпик Марсеј секогаш“.