24фудбал

Сензација во германскиот куп, второлигашот Холстен Кил го елиминираше Баерн Минхен (ВИДЕО)

Холстен Кил му изедначи на Баерн Минхен на 2-2 во 95. минута од мечот, а откако немаше голови во продолженијата, го победија фаворитот на пенали и се пласираа во осминафиналето од Купот на Германија.

Германија

Актуелниот освојувач на Купот на Германија, Баерн Минхен рано е исфрлен од натпреварувањето оваа сезона и тоа од второлигаш.

А мечот почна според очекувањата, Гнабри во 14. минута донесе водство за Баварците, но Кил преку Бартлес изедначи на 1-1.

На почетокот од второто полувреме Сане го врати водството на Баерн Минхен, овој пат од 2-1. 

Тој резултат долго беше актуелен и се очекуваше така да заврши мечот, но Кил во 95. минута преу Вал даде гол и израмни на 2-2.

Натпреварот отиде во продолженија во кои немаше погодоци, па пеналите го решаваа победникот.

Фудбалерите на Холстен Кил не погрешија, погодија шест пенали, Баерн Минхен го утна шестиот, не реализираше Марк Роча по што можеше да почне големото славје.