24фудбал

Покетино веднаш почна да освојува трофеи со ПСЖ (ВИДЕО)

ПСЖ го освои Супер купот на Франција откако го победи Марсеј со 2-1, Маурисио Покетино тренерската кариера во францускиот клуб ја почнува со ран трофеј.

Франција

На Покетино му се погоди францускиот Супер куп да се игра брзо откако беше назначен за нов тренер на ПСЖ, па рано се радува на својот прв трофеј.

ПСЖ го победи Марсеј со 2-1 и дојде до трофејот.

Парижаните поведоа со гол на Икради во 39. минута од мечот, а Нејмар од пенал во 85. зголеми на 2-0. 

Марсеј преку Паје во 89. минута намалија на 2-1, но немаше време да избегнат пораз.