24фудбал

Нов кикс на Тотнем, петто реми по ред за Фулам (ВИДЕО)

Тотнем уште еднаш киксна во свој стил, водеше, се повлече и прими гол, Фулам се специјализира за нерешени резултати, ова за нив беше петто реми по ред во Премиерлигата, мечот заврши 1-1.

Англија

Тимот на Жозе Мурињо загуби два нови бода откако одигра само 1-1 на свој терен против Фулам.

Резулатот го отвори Хари Кејн во 25. минута кога погоди со глава по одличен центаршут на Регилон.

Во 72. минута Сон имаше голема шанса да го зголеми водството на 2-0, но неговиот удар заврши во стативата од голот на Фулам.

Само две минути подоцна казната стигна, по центаршут на Лукман, Иван Кавалеиро погоди со глава за израмнување на 1-1.

Во финишот Тотнем се обидуваше да дојде до победа, но не успеа, постигна и гол преку Регилон, но тој беше поништен поради офсајд од асистентот Сон.

Со овој бод Тотнем е на шестата позиција на табелата, Фулам остана во зоната за испаѓање но ова за нив е одличен резултат.