Недела ќе биде вистински фудбалски празник, на „Енфилд“ ќе се судрат големите ривали кои во моментов се на водечките две позиции на табелата во Премиерлигата.
Категорија: Англија 13.01.2021 21:45 Прочитано: 689 пати
Манчестер јунајтед се соочува со проблеми во пресрет на гостувањето кај Ливерпул во недела во рамките на дербито на 19 коло од англиската Премиерлига, каде во моментов „Црвените ѓаволи“ се лидери со три бода предност во однос на големиот ривал.
Избраниците на Оле Гунар Солшер извојуваа тешка победа на гостувањето кај Барнли, минимална но мошне значајна, а Ентони Марсијал беше заменет во самата завршница од мечот, но Французинот се здоби со повреда на тетивата, па така е неизвесен за дербито на „Енфилд“.
Не е само Марсијал неизвесен за настап на тој меч од исклучително значење за обете екипи, под знак прашалник е воедно и Немања Матиќ кој синоќа ги одигра сите 90 минути, тој се пожалил на болки во делот кај препоните.
Се поверојатно е дека Виктор Линделоф нема да биде во комбинација за настап против „Редсите“, поради повреда на грбот, па големи се очекувањата повторно од првата минута да стартува Ерик Баји, кој инаку прикажа одлично издание во синоќешната победа кај Барнли.