Минатиот месец договорот на Лингард беше продолжен на дополнителни 12 месеци, односно беше искористена таквата опција, се’ со цел за фудбалерот не си замине на лето без никакво обештетување.
Категорија: Франција 13.01.2021 20:54 Прочитано: 319 пати
Францускиот прволигаш Ница кој во моментов е на 13 место на табелата во Лиг 1 е сериозно заинтересиран за услугите на 28 годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард.
Според пишувањата на „Скај Спортс“, Лингард засега не знае дали ќе му биде дозволено да си замине од „Олд Трафорд“ уште овој месец со оглед на фактот што во еден ваков турбулентен период на Островот секој фудбалер е од исклучително значење за било која екипа.
Како и да е, се верува дека претставниците на Лингард веќе воспоставиле првични контакти со Ница околу можноста за Англичанецот да се пресели во таа екипа.
Минатиот месец, договорот на Лингард со „Црвените ѓаволи“ беше автоматски продолжен откако се активираше опцијата за дополнителни 12 месеци, со што фудбалерот сега има договор со важност до идната година.