24фудбал

Лапорта: Можевме да го донесеме Роналдо во Барселона за 17 милиони евра, но не жалам за тоа

Поранешниот претседател на Барселона и фаворит за нов прв човек на клубот, Хуан Лапорта открива дека во 2003 година можеле да го купат Кристијано Роналдо за 17 милиони евра.

Шпанија

Пред да потпише за Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо бил понуден на Барселона за 17 милиони евра но Лапорта одбил бидејќи не им требало играч на таа позиција.

Шансата Роналдо и Меси да играат заедно во Барселона пропаднала, но Лапорта не жали за тоа.

„Ние требаше да потпишеме со Роналдињо и Рафа Маркез. Луѓето на Маркез ни го понудија и Кристијано Роналдо кој тогаш играше за Спортинг Лисабон“, открива Лапорта.

„Еден од неговите агенти рече дека имаат фудбалер кој требало да го продадат на Манчестер јунајтед за 19 милиони евра, но можат на нас да ни го дадат за 17 милиони евра“.

„Но ние веќе инвестиравме во Роналдињо тогаш. Кристијано Роналдо играше повеќе на крило отколку во центарот, а сметавме дека не ни треба играч на таа позиција. Ги одбивме и не жалам поради тоа“.