24фудбал

Слимани во Лион, Дембеле во Атлетико Мадрид

Дембеле сигурно ќе биде од големо значење за составот на Атлетико Мадрид кој во моментов е лидер во шпанската Примера, од друга страна Лион брзо реагираше и ја покри дупката во нападот.

Шпанија

Лион за 5 милиони евра го комплетираше трансферот на напаѓачот Ислам Слимани од Лестер, откако 32 годишниот Алжирец не успеа да се наметне во составот на „Лисиците“ каде направи трансфер во 2016 година за сума од 29 милиони фунти од Спортинг Лисабон.

Откако не успеа да се наметне кај Брендон Роџерс, беше испраќан на позајмица во Њукасл, Фенербахче и Монако, а договорот на Слимани со Лестер истекуваше на крајот од оваа сезона, а сега потпиша договор на една и пол година со Лион.

Слимани му се приклучува на Лион во ист ден откако 24 годишниот француски напаѓач Муса Дембеле се пресели во Атлетико Мадрид на позајмица од редовите на францускиот прволигаш, а позајмицата е предвидена да трае до крајот на актуелната сезона.

Според договореното помеѓу обата клуба, Атлетико Мадрид за оваа позајмица на Лион ќе му исплати 1.5 милион евра, а постои можност за 33.5 милиони евра и целосно да го откупи договорот на напаѓачот на лето во 2023 година.