24фудбал

Наполи добро се испоти за да го победи Емполи во Купот на Италија (ВИДЕО)

Наполи со 3-2 го победи Емполи и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија, Елиф Елмас беше стартер на мечот.

Италија

Елиф Елмас од првата минута го почна мечот за Наполи против Емполи и на теренот се задржа до 70. минута, имаше една голема шанса која не ја искористи.

Наполи поведе уште во 18. минута со гол на Ди Лоренцо со глава по асистенција од Лозано.

Во 33. минута Бајрами го изедначи резултатот, но само пет минути подоцна Лозано со убав гол ја врати предноста, сега на 2-1.

Во 68. минута Бајрами постигнува нов гол и повторно израмнува, овој пат на 2-2, но десет минути иподоцна Петања реализира за победа на Наполи од 3-2.

Наполи во четвртфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Рома и Специја.