Еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Матеј Цветаноски е нов играч на Шкупи, тој стави потпис на двегодишен договор со клубот од Чаир.
Категорија: Македонија 13.01.2021 12:38 Прочитано: 801 пати
Шкупи се пофали дека го ангажира Матиј Цветаноски.
„Еден од најдобрите играчи во есенскиот дел од сезоната, Матеј Цветаноски од денеска е фудбалер на нашиот тим, потпиша двегодишен договор“, стои во соопштението на Шкупи.
Во првиот дел од сезоната Цветаноски на 16 натпревари постигна шест гола, а имаше и пет асистенции.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од клуб кој има богата историја и во нашата земја и надвор. Според мене понудата која ми ја дадоа беше најдобра за мојата кариера. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата, тука сум да му помогнам на тимот. Сакам да им заблагодарам на сите за добриот пример, веќе знам повеќе од соиграчите и верувам дека брзо ќе се адаптирам“, вели 23-годишниот Цветаноски.