24фудбал

Папу Гомез ако сака да игра во голем клуб, ќе мора да си замине и од Италија

Аталанта нема намера да го продаде Папу Гомез на ривал од италијанското првенство, а Аргентинецот сака да остане да игра во Европа.

Италија

„Скај Спорт Италија“ информира дека Аталанта решила да не го продава Папу Гомез на тим од Италија кој се бори за излез во Европа, бидејќи не сакаат да засилат директен ривал.

Аргентинскиот фудбалер сака да продолжи да игра во Европа, а тоа ќе значи дека ако сака да игра за клуб со високи цели ќе треба тоа да биде надвор од Италија.

Ако сака да остане во Италија, ќе мора да се пресели во клуб кој не се бори за места во Европа.