24фудбал

Ерик Гарсија е пред трансфер во Барселона, останува уште еден детал за зделката да биде комплетирана

Во текот на овој преоден рок би требало Барселона да го ангажира Ерик Гарсија од Манчестер Сити, но за тоа да се случи зелено светло треба да дадат и претседателските кандидати.

Шпанија

Барслона и Гарсија веќе постигнаа договор за личните услови, а Манчестер Сити ги намали барањата со оглед на тоа дека фудбалерот има уште шест месеци од договорот.

Ерик Гарсија кој е роден во Барселона и беше дел од школата на каталонскиот клуб, е пред враќање на Камп Ноу.

Манчестер Сити бара 5 милиони евра кои треба да бидат платени следната сезона, плус 5 милиони евра во бонуси.

Таквото барање на Сити е прифатливо за привременото раководство на Барселона, но тие сакаат да добијат зелено светло и од кандидатите за нов претседател.

Куман притиска Ерик Гарсија да му се донесе колку што е можно порано, па се очекува наскоро сите формалности да завршат и да се реализира овој трансфер.