24фудбал

Донарума без да игра заработи суспензија и нема да настапи во четвртфиналето од Купот на Италија

Џанлуиџи Донарума ќе го пропушти следниот натпревар од Купот на Италија за Милан откако доби суспензија на дуелот против Торино и покрај тоа што не играше.

Италија

Голманот на Милан вчера беше резерва, но беше исклучен и од клупата откако гласно протестираше на една судиска одлука.

Тој бараше пенал по еден прекршок врз Рафаел Леао кога тој се судри со голманот на Торино, Вања Милинковиќ Савиќ.

Суспензијата на Донарума важи само за натпревари од Купот на Италија, па тој ќе го пропушти четвртфиналето кое Милан ќе го игра со подобриот од дуелот меѓу Интер и Фиорентина.