24фудбал

И Ајнтрахт го потоврди враќањето на Јовиќ, остануваат детали за трансферот да биде комплетиран

Спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ потврди дека се пред реализација на трансфер на Лука Јовиќ кој треба да дојде на позајмица од Реал Мадрид.

Германија

Ајнтрахт го враќа Лука Јовиќ на позајмица до крајот на сезоната, ваквите вести сега ги потврдуваат и од германскиот клуб.

„Лука Јовиќ е на пат да дојде на позајмица до лето“, потврди спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ.

„Се уште треба да се средат некои детали, пример да помине медицински тестови. Ако се биде како што треба тој наскоро ќе биде со нас“.