24фудбал

Атанасов погоди на првата контролка во зимските подготовки за Хајдук (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија погоди на стартот од зимските подготовки за хрватскиот прволигаш.

Македонија

Хајдук со победа од 3-2 над Солин ги започна зимските подготовки, а нашиот младински репрезентативец Јани Атанасов беше стрелец на голот за потврда на победата на составот од Сплит.

Атанасов беше дел од составот на Хајдук кој настапи во второто полувреме, а погоди со глава по една долга акција во 69 минута за водство од 3-1 во тие моменти за фаворитот.


(голот на Атанасов на 1,47,45)

21 годишниот фудбалер од средниот ред од септември минатата година е дел од составот на Хајдук каде премина од редовите на турски Бурсаспор, во новата сезона на осум настапи за хрватскиот прволигаш успеа да реализира по еден гол и асистенција..