24фудбал

Кулушевски: Кога Ибрахимовиќ ќе каже нешто добро за мене, следниот ден тренирам уште понапорно

Дејан Кулушевски вели дека Златан Ибрахимовиќ му е идол и се надева дека тој ќе игра за Шведска на Европското првенство.

Италија

Ибрахимовиќ се пензионираше од дресот на националниот тим, но има гласини дека тој би можел да настапи на Европското првенство за Шведска.

Кулушевски кој има македонско потекло но настапува за Шведска, зборува за тоа какво влијание има Ибра врз него.

„Си пишуваме. Идол ми е, тешко дека некој во светот може да го направи тоа што тој го има направено. Кога зборува убаво за мене, тоа ме тера да работам уште понапорно следниот ден на тренинг бидејќи сум горд“, вели Кулушевски.

„Навистина се надевам дека ќе се врати во националниот тим на Шведска за Европското првенство. Тоа би било прекрасно за мене и за сите во Шведска. Ајде Ибра“.