24фудбал

Играчите на Тотнем не можеа да ги разменат дресовите поради ковид протоколот, но направија голем гест за Марин

Тотнем го победи Марин со 5-0 и се пласира во следното коло од ФА Купот, но за малиот клуб од Ливерпул ова беше историски меч кој никогаш нема да се заборави.

Англија

Тие се клуб од осмата лига во Англија и самото тоа што дојдоа до можност да играат против Тотнем е историски успех за нив.

По натпреварот фудбалерите не можеа да ги разменат дресовите поради ковид протоколот, но од Тотнем на сите фудбалери на Марин им дале нови дресови како сувенир од денешниот меч.