24фудбал

Зидан: Мечот не требаше да се игра, немаше услови, ова не е фудбал

Реал Мадрид одигра само 0-0 на гостувањето кај Осасуна, а Зинедин Зидан виновникот за лошиот резултат го најде во снегот.

Шпанија

Осасуна со крајни напори, со механизација за топење на снегот и силен ангажман на вработените обезбеди услови за игра. Беше видливо дека тие не се идеални, но според Зидан воопшто и не постоеле, смета дека мечот не требаше да се игра.

„Направивме тоа што можевме на овој терен. Играњето на ваков терен е комплицирано, но на крајот тие одлучија дека треба да играме. Ние треба да правиме тоа што ќе ни кажат“, вели Зидан.

„Не ни знам кога ќе можеме да се вратиме во Мадрид поради времето, дали утре или задутре. Имаме друг натпревар во среда и се надевам дека ќе можеме да играме“.

„Натпреварот не требаше да се игра. Не сакам да навлегувам многу во овие работи, но ова не беше фудбалски меч“.