24фудбал

Детето на Астон Вила кое му даде гол на Ливерпул го смени дресот со Фабињо, па откако му свикаа си го побара назад (ВИДЕО)

Луи Бери никогаш нема да го заборави денешниот ден, 17-годишниот фудбалер на Астон Вила го постигна својот прв сениорски гол и тоа против актуелниот шампион, Ливерпул.

Англија

Поради ковид-19, Астон Вила денешниот меч од ФА Купот против Ливерпул мораше да го игра со младинци. Загубија со 4-1, но за Луи Бери ова ќе биде меч кој вечно ќе го памети.

Тој важи за голем талент, беше дел и од академијата на Барселона, но денеска дебитираше за сениорите и тоа со гол против Ливерпул.

По мечот Бери го замени дресот со Фабињо, па откако некој од повозрасните во стручниот штаб му свика и веројатно му кажа дека не смее да го менува дресот со кој го даде деби голот, отиде и си го побара назад.