24фудбал

Брилијантен пресврт на Борусија Менхенгладбах за голем триумф над Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен водеше со 2-0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и на крајот загуби со 3-2, ретко кој можеше да замисли дека Баварците ќе прокоцкаат водство од два разлика во Бундеслигата.

Германија

Борусија Менхенгладбах слави голем триумф над Баерн Минхен обезбеден со неверојатен пресврт, Хофман беше херојот на домаќините.

Баварците во 20. минута со гол на Левандовски од пенал поведоа со 1-0, а шест минути подоцна Горецка реализираше за 2-0.

До крајот на првото полувреме Хофман постигна два гола и го изедначи резултатот на 2-2, а по четири минути игра во вториот полувреме тој ја имаше улогата на асистент кога Неухаус реализираше за победа од 3-2.