24фудбал

Пирло ја објаснува посебната задача која ја имал Киеза за Тео Хернандез

Јувентус со 3-1 го победи Милан на Сан Сиро и се доближи до врвот во Серија А, тренерот Андреа Пирло е задоволен од резултатот.

Италија

Федерико Киеза постигна два гола во вчерашната победа, но имаше и дефанзивни задачи кои го оневозможија Тео Хернандез да игра и во офанзивата како што тој сака.

„Ова беше важна победа за нас, не бевме заинтересирани за резултатите на тимовите пред нас, бевме фокусирани само на нашиот прогрес. За неколку месеци ќе видиме каде ќе бидеме“, изјави Пирло по мечот.

„Идејата беше Киеза да го држи Тео Хернандез под притисок, да не му дозволи да го прави она што тој вообичаено го прави во офанзивата“.

Пирло смета дека за примениот гол имало фаул врз Рабио од Чалханоглу на зачетокот од акцијата.

„Беше фаул, судијата требаше да свирне. Во продолжението од акцијата Данило требаше да биде поагресивен, но целиот тим не беше добро наместен. Во секој случај се започна со фаул“.