24фудбал

Хојбјерг до играчот од кој доби крвав удар: Знам дека не беше намерно, не се секирај, јас сум викинг, добар сум (ВИДЕО)

Пјер Емил Хојбјерг покажа вистинска класа откако му се обрати на играчот на Брентфорд од кој доби удар со отворен ѓон по што му беше крвава ногата.

Англија

Во финишот од мечот, Џошуа Дасилва со отворен ѓон му влезе на Хојбјерг и му ја раскрвари ногата по што доби директен црвен картон.

Џошуа на социјалните мрежи се извини за стартот и рече дека не било намерно.

„Сите што ме знаат, знаат дека немав намера... ќе научам од ова“, напиша Дасилва.

Хојбјерг му одговори во голем стил.

„Се разбира дека немаше намера. Не се секирај. Јас сум викинг и добро сум. Но... ми должиш нов костобран. Пред тебе имаш голема иднина. Биди силен и продолжи да работиш напорно. Ти посакувам среќа и тебе и на твојот тим. Голема прегратка“, му реплицираше Хојбјерг на Дасилва.

Ретко се случува фудбалер кој доби таков удар со вакви зборови да му се обрати на играчот кој можеше и сериозно да го повреди. Хојбјерг покажа класа.

Тој иако имаше ракрвавена потколеница, сакаше да продолжи да игра, но Мурињо го спречи, не му даде да влезе повторно и го испрати во соблекувалната.

Вака изгледаше ногата на Хојбјерг по стартот на Дасилва: