Оле Гунар Солшер му одговори на Јирген Клоп кој синоќа изјави дека Манчестер јунајтед за две години добил повеќе пенали отколку тој за пет и пол години колку што е во Ливерпул.
Категорија: Англија 06.01.2021 00:19 Прочитано: 1928 пати
На денешната прес конференција Солшер неминовно беше прашан и за изјавата на Клоп, па стратегот на Јунајтед одговори.
„И тоа е факт, факт е дека ние имаме повеќе добиени пенали од нив. Но јас не знам колку пенали имаат тие, не им ги бројам. Па ако тие сакаат да го минуваат времето броејќи колку пат ние сме биле фаулирани во шеснаесетникот, во ред, нека го трошат времето на тоа“, вели Солшер.
Тој смета дека тоа што Клоп и Мурињо зборуваат за пеналите на Јунајтед, можеби сакаат да направат притисок врз судиите. Солшер го зема примерот со Челси од минатата сезона.
„Не можам да зборувам за однесувањето на другите тренери, зошто зборуваат такви работи. Јасно е дека јас почувствував минатата сезона дека таквото зборување делува. Тоа се случи во полуфиналето од ФА Купот бидејќи Лампард зборуваше за тоа и потоа не ни беше досуден пенал кој требаше да ни биде досуден, па можеби таквите изјави имаат влијание врз судиите, не знам“.